Агенцијата за електронски комуникации распиша тендер за доделување една фреквенција за 3Г (трета генерација) мобилна телефонија, која овозможува безжичен пристап до глобалната телекомуникациска инфраструктура, односно широк спектар на интегрирани услуги како што се говор, податоци, слики и видео.
Заинтересираните компании во понудите ќе треба да достават малопродажни цени за граѓаните и големопродажни цени за другите мобилни и фиксни оператори и интернет провајдери што ќе сакаат да нудат 3Г.
Минималниот еднократен надоместок за користење на радиофреквенцијата што го утврдија Владата и Агенцијата изнесува 10 милиони евра.
Поднесувањето на понудите е 60 дена од објавувањето на тендерот, а јавното отворање ќе се случи на 11 јануари 2008 година.
На јавниот повик за заинтересирани за 3Г што во август го распиша Агенцијата се јавија три или четири домашни и странски компании.
Светлана Блажевска
Извор: Вечер



