Компанијата, која во 1981г. го произведе првиот персонален компјутер, би можела да се повлече од таа област на производство…

Според американскиот весник Њујорк Тајмс (New York Times), Ајбием (IBM) ја разгледува можноста за продажба на својот оддел за производство на компјутери. Компанијата, која во 1981г. го произведе првиот персонален компјутер, би можела да се повлече од таа област на производство.

Наместо работа со персонални компјутери, компанијата во иднина би можела да се посвети на далеку попрофитабилниот бизнис со сервери и нудење на услуги. Се проценува дека вкупната зделка за продажба на делот на Ајбием во бизнисот со персонални компјутери изнесува од една до две милијарди долари, а ќе ја опфаќа целосната линија на персонални компјутери и лаптопи.

Како најсериозен кандидат за купување се споменува името на кинеската компанија Леново (Lenovo), но сè уште нема никаков официјален коментар на оваа тема од двете страни.