Коалиција од групи за заштита на човековите права во Велика Британија го промовираше веб-сајтот „Вратете си ја својата ДНК“ кој им помага на луѓето што не сториле прекршок да контактираат со полицијата и да побараат уништување на нивните досиеја во ДНК базата на податоци.

Пет месеци по одлуката на Европскиот суд за човекови права во случајот Марпер против Велика Британија, во Парламентот сè уште не е донесен закон за справување со оваа ситуација. Сепак, во една скорешна изјава, британскиот министер за внатрешни работи Жаки Смит истакна дека плановите за уништување на ДНК профилите на невините луѓе зачувани од полицијата ќе бидат наскоро објавени.

Веб-сајтот „Вратете си ја својата ДНК“ беше пуштен во употреба на 27 април, 2009 од неколку групи за човекови права во Велика Британија: GeneWatch UK, NO2ID, Black Mental Health UK, ARCH и членот на ЕДРИ Open Rights Group.

Д-р Хелен Валас, Директор на GeneWatch UK, изјави: „Доколку Шкотска може да ги отстрани невините луѓе од ДНК базата на податоци, зошто тоа не може да се случи секаде? Време е луѓето од остатокот од Велика Британија да ги побараат своите права“. GeneWatch веќе предупреди дека веледрогериите ќе сакаат да пристапат до примероците со цел да создаваат профили за да предвидат кој е генетички подложен на различни болести.

На веб-сајтот се објаснува процедурата на бришење на ДНК од националната база на податоци на ДНК во случај да не сте биле осудувани. Пресметано е дека тоа е случајот со најмалку 800.000 луѓе. Коалицијата ги презентираше аргументите за таква акција: „Вашиот компјутерски запис во Националната ДНК база на податоци може да се употреби за да ве пронајдат вас или вашите роднини. Примерок од вашата ДНК, кој ги содржи вашите генетски информации, исто така ќе биде зачуван од една од комерцијалните лаборатории кои работат за полицијата. Вашиот примерок од ДНК содржи некои приватни информации за Вашето здравје“.

„Ние имаме човекови права: треба да ги практикуваме доколку сакаме успешно да ги браниме. Дигиталното доба значи дека станува сè полесно да се прибираат, чуваат и анализираат податоци, па кога Владата ќе ја премине линијата, од суштинско значење е граѓаните да делуваат за да го одбранат нивното право на приватност“ истакнува Џим Килок, извршен директор на Open Rights Group осврнувајќи се и на одлуката на Европскиот суд за човекови права според која се смета за нелегално задржувањето на лични информации на невини луѓе од страна на Владата.

Британската влада одложуваше околу пет месеци и се чинеше дека со првичните планови направи обид пресудата да не се имплементира директно. Но во изјавата од 3 мај, 2009 г., на министерот за внатрешни работи на Велика Британија Жаки Смит, се инсистираше плановите да се претстават оваа недела и тука да се вклучи и уништувањето на сите физички примероци, како што се брис од уста, влакна и крв. Се очекува дека Британската влада ќе објави консултантски труд за да се наведат сите активности за справување со уништувањето на ДНК профили на невини лица.

Но групите за граѓански права остануваат внимателни во врска со одлуката. Сајмон Дејвис од Прајваси интернешнл: „ДНК базата на податоци е веќе преголема. Нашиот аргумент е дека примероците на секој што бил осуден за помали прекршоци треба да бидат отстранети“.

Reclaim your DNA !
http://reclaimyourdna.org/

The UK Police National DNA Database
http://www.genewatch.org/sub-539478

GeneWatch PR: Innocent urged to reclaim their DNA (27.04.2009)
http://www.genewatch.org/article.shtml?als��0�=563486&als��1�=5644…

Step-by-step guide to reclaim your DNA (27.04.2009)
http://gizmonaut.net/blog/uk/reclaim_your_dna_launch.html

Jacqui Smith says DNA database profiles of 800,000 innocent people will be axed (3.05.2009)
http://www.guardian.co.uk/politics/2009/may/03/police-dna-database-jac…

EDRi-gram:ECHR decided against the UK DNA Database (17.12.2009)
http://www.edri.org/edri-gram/number6.24/echr-marper-case-dna-uk

 

Извор: ЕДРИ-грам “Reclaim your DNA from the UK database“ бр. 7.9, 6 мај, 2009.