На 21, 22, 26 и 27 октомври, партнерите на ИЦЕДА организираа четиридневна интерактивна обука за застапување за суб-грантантите на ЛОТ2 и членовите на мрежата ИЦЕДА, во рамки на проектот Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда –ИЦЕДА, кофинансиран од Европската Унија. Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации кои се суб-грантисти и на медиумските партнери за успешно спроведување на нивните иницијативи за застапување, како и за поефективно и одржливо застапување за различни аспекти од Дигиталната агенда во целните земји од Западен Балкан. Обуката, исто така, имаше за цел да го олесни вмрежувањето и да обезбеди простор за национална, но и регионална соработка меѓу граѓанските организации и медиумските партнери дел од под-грантовата шема.

Содржината на обуката беше заснована на претходна проценка на потребите која беше спроведена со цел да се развијат прилагодени активности за градење капацитети кои целосно ќе им служат на потребите на учесниците. Обуката им помогна на учесниците да ја разберат Дигиталната агенда и нејзиниот одраз во целните земји од Западен Балкан, како и нејзината поврзаност со транспарентноста на институциите. Учесниците беа во можност да ги истражат регионалните и добрите практики на ЕУ за различни процеси како што се е-учество, застапување, меѓусекторска соработка, GDPR, е-услуги и дигитални алатки, но и да ги прошират своите знаења и вештини за ефективно и влијателно истражување, проверка на факти, работа со податоци, јавно информирање и стратешка и ефективна комуникација со релевантните засегнати страни.

Извор: слика од ZOOM, Обука за застапување

Успеавме да поразговараме со некои од учесниците поединечно за целокупната обука, меѓу кои беше и Фјола Чаволи од Next Gen Networks Institute (NGN) од Косово: „Обуката беше многу добро организирана, опфаќајќи ги сите аспекти за подобра реализација на нашите проекти. Ни беа дадени многу совети, трикови и важни информации кои ќе му послужат на нашиот тим поефективно и поефикасно да ги спроведе активностите во рамките на нашиот проект. Освен тоа, обуката служеше како платформа за вмрежување и можевме да споделиме искуства со останатите организации од Западен Балкан“. Таа исто така сподели дека со големо нетрпение очекува да ги искористи алатките и техниките за застапување, истражување и управување со медиумите во спроведувањето на нивната иницијатива за застапување.

Милазим Бехрами од Косовскиот центар за далечинско образование како најкорисни ги посочи споделените совети и трикови за тоа како да им пристапите на медиумите и новинарите, но и како да допрете до публиката користејќи различни социјални мрежи. Тој, исто така, беше импресиониран кога виде како Естонија има развиено толку многу е-услуги и се надева дека истите практики ќе се повторуваат во регионот на Западен Балкан.

Извор: слика од ZOOM, Обука за застапување

Марија Василевска од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 сподели дека ѝ се допаднала енергијата и посветеноста на организаторите што навистина ги мотивирале учесниците да бидат активни и ангажирани за време на обуката. Таа беше највозбудена поради поставувањето на сцената за правење анализи и техники за визуелизација на податоци: „Со нетрпение очекувам да развијам содржина за кампањата на социјалните медиуми која ќе биде фокусирана, специфична и ќе содржи инфографици. Дополнително, со нетрпение очекувам да се поврзам со другите членки на ИЦЕДА како платформа за споделување искуства и идеи за следните проекти“.

Инес Мрдовиќ од Акција за социјална правда и Ердонита Ахмети од Internews Kosova навистина уживале во обуката, велејќи дека дознале и научиле многу, особено на теми поврзани со заштитата на личните податоци, медиумите и јавното информирање. „Навистина треба да ги натераме медиумите да се фокусираат и да дојдат кај нас за да креираме вистински вести што навистина се ефективни, а ние сме тие што можеме да го направиме тоа. Тие го објавуваат она што мислат дека ќе им донесе повеќе прегледи и ние сме тие што кликнуваат на нивните вести, па ако почнеме да се интересираме повеќе за вести кои се навистина важни и навистина можат да ни помогнат да направиме подобар свет, медиумите ќе почнат тоа и да го објавуваат, па затоа повеќе зависи од нас.“ – сподели Ердонита. Таа, исто така, додаде дека сесиите кои се занимаваат со е-услуги ѝ биле навистина важни „Денеска, поради Ковид-19 сè се одвива онлајн и е-услугите многу помогнаа за ваквиот начин на функционирање бидејќи веќе можеме да направиме се што ни треба без да излеземе од дома. Освен тоа, заштедуваме време и сме уште побезбедни бидејќи правиме сè од дома“.

Извор: слика од ZOOM, Обука за застапување

Обуката беше наменета за градење на капацитетите на наградените под-грантисти и членови на ИЦЕДА мрежата од вториот циклус на шемата за мали грантови ЛОТ 2: Доделени грантови за иницијативи за застапување на дигиталната агенда, односно од Албанија – Instituti për Konsulencë në dhe Menaxhim (Институт за консултантски услуги за маркетинг и менаџмент), Qendra Orbis (Центар Орбис), Мрежа на млади професионалци (YPN), од Косово –Internews Kosova, Мрежа следна генерација, Косовски центар за далечинско образование (KCDE) -Mëso Online , Институт Демократија за развој, од Црна Гора – Акција за социјална правда, Активна зона, Центар за политичко образование, НВО родители, од Северна Македонија – Центар за социјални иновации Блинк 42-21, Младински образовен форум и од Србија – Центар за демократски развој Европолис заедно со нивните медиумски партнери и ИЦЕДА партнерите.

Извор: слика од ZOOM, Обука за застапување

Извор: слика на Миро, Обука за застапување

Фасилитатори и експерти кои ги водеа учесниците на ова патување за градење капацитет беа Мила Јосифовска Даниловска – менаџер на програмата за социјална отчетност и човекови права онлајн во Фондацијата Метаморфозис, Миса Бојовиќ – виш истражувач во CRTA, Ќендреса Сулејмани – програмски директор во Фондацијата Метаморфозис, Блерта Тачи – извршен директор на Отворени податоци Косово и експерт за граѓанска технологија, Снежана Никчевиќ – координатор на проектот во НВО 35MM и член на работната група за стратегија за дигитална трансформација на Црна Гора, Марија Стефановиќ – квалитативен истражувач во CRTA, Јована Прешиќ – проверувач на факти во Istinomer, Алдо Меркочи – директор на МЈАФТ! експерт за движење, дебата и политики, Анѓела Ѓурашковиќ – основач на Еко-Коријен и експерт за комуникација, Гоце Арсовски – психолог, истражувач и офицер за програмска поддршка во Фондацијата Метаморфозис, Ервин Ќафмола – експерт за комуникација и медиумски продуцент, Данило Кривокапиќ – директор на SHARE Фондација и експерт за заштита на податоци, Кристина Манд – виш експерт за е-демократија во Академијата за е-управување и Џени Ламе – проектен координатор во MJAFT! и истражувач.

Извор: слика од Mentimeter, Обука за застапување——————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: