Во третата работилница беа вклучени членови од организацијата Аналитика, кои ја пренесоа својата порака преку креираните дигитални приказни.

Овој циклус на работилници создаде голема колекција на интересни дигитални приказни со многу различна тематика. Сите приказни ќе бидат презентирани на 23 февруари 2009 година во 19:30 часот во Кинотека на Македонија, а неколку од нив и ќе бидат преведени на англиски јазик и поставени на сајтот на Британскиот совет како дел проектот „Imagine your future (Замисли ја својата иднина)“ во кој се опфатени неколку земји.

Во првите две работилници од овој циклус беа вклучени членови на организацијата Меѓаши и Сумнал.

Концептот на дигитални приказни им овозможува на луѓето, кои немаат техничко познавање, со користење на информациско-комуникациски технологии да создадат видео со кое ќе ја прикажат своја приказна преку 2-5 минутен филм, кој е комбинација од наративен дел од лична приказна, проследен со фотографии и музика.

Сподели: