Семинарот беше дел од континуираните активности на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција“, а на него учествуваа претставници на НВО и локалните власти од обете земји.
Претставниците на Метаморфозис Бардил Јашари и Филип Стојановски на 21 август одржаа интерактивна презентација на тема користење на ИКТ за подобрување на учеството на младите во општествените процеси. Покрај информирање за македонскиот контекст поврзан со развојот на информатичкото општество и младите, тие ги пренесоа и сродните искуства од Долна Нормандија.
Во рамките на истата сесија Елена Костовска од Гласникот иницираше дискусија за примери на медиумско покривање на настани поврзани со младите, додека Антоанета Иванова од ФЕЈС Македонија го претстави наградуваниот веб-портал Млади инфо како пример за апликација која нуди конкретни решенија за низа проблеми од интерес на младите.
Повеќе информации за семинарот се достапни на веб-сајтот на СЕГА.
Сподели: