На средбата учествуваа авторите и уредниците на блоговите Канализација, Вуна, Комуникации, Јавно здравјеСтрумјан, Фемгерила, Патот на душите, Волан, Квадратура на кругот, Венера / Оксиморон, Археолошки дневник, Interpreter, Global Voices на македонски, Џаман и Развигор 😉 , како и Петар Кајевски, авторот на македонскиот пребарувач Најди!.

Дарко Булдиоски го покрена прашањето на „ затвореност на корисниците на blog.com.mk во однос на блогови на други платформи“ до која според Снежана Штрковска доаѓа оти во недостаток на време, блогерите и читателите пред сè го читаат она што им го нуди „лесната организација и достапност на содржини на Блогерајот“. Според  Александар Димитриевиќ „постои потреба од агрегатор од сите платформи со слична организација“. Според Филип Стојановски, таквиот агрегатор треба да биде целосно инклузивен, со вграден систем за колаборативно филтрирање со цел истакнување на квалитетните постови.

Петар Кајевски укажа дека не треба да се врши „мешање на читатели и пишувачи на блогови. Не е од толкаво значење каде ќе одат блогерите, туку читателите.“

Василка Димитровска укажа дека постои недоволна свест кај „македонската блогерска заедница за начините на следење на др. блогови“, додека Вероника Костадинова посочи дека „не може да се наметнува изборот кој што да чита. Затоа најдобра алатка е RSS, оти овозможува најдобар индивидуален избор.“

Сепак, основна тема беше загриженоста тенденциите за злоупотреба на медиумот за политички цели и прашањето за блогерска солидарност во случаи на закани врз блогерите од прекумерна регулација на интернет. Мирјана Најчевска предложи „подготовка на стратегии за акција во случај на загрозување на слобода на изразување“ според методите со кои ги пременуваат светските НВО-мрежи за заштита на човекови права. Според неа, неколкуте случаи на политички „хајки преку групи на блогери“ имаат одлики на вознемирување кое е забрането со закон. Дел од учесниците во дискусијата, како искажаа мислење дека во овој поглед непотребно се крева тензија или дека според нивно искуство немало последици за експлицитни дисидентски изјави.

Дарко Булдиоски исто така укажа дека „според законот сопственик на печатен медиум нема право да има електронски медиум“  што е пример на застареност на законската рамка која не зема предвид дека и веб-сајтовите се буквално електронски медиуми.

Во текот на дискусијата беше искажана потреба од ажурирање на хронологијата на македонската блогосфера како средство за колективна меморија.

Учеството на средбата беше координирано преку Гугл групата МК Блог која е отворена за сите ентузијасти заинтересирани за оваа област.

Настанот беше овозможен преку Тригодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија од Франција, со цел зголемување на активно граѓанско учество.

Сподели: