Сите пријавени фотографии и кратки видеа ќе бидат достапни преку веб-сајтот за авторски содржини: www.cc.org.mk под лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија. Тоа значи дека секој ќе може да го употреби вашето дело, но при тоа ќе биде обврзан да го наведе изворот на оригиналното дело. Целта на овој конкурс е поттикнување на што поголем број корисници на мобилен телефон од Македонија (и аматери и професионалци), да споделат e-содржини со остатокот од светот.

Вашите дела или линкови до нив, поставувајте ги на порталот во категоријата „Криејтив комонс конкурс“, во поткатегоријата „фотографија“ или „видео“ соодветно, заедно со вашите лични податоци: име, презиме и возраст. Доколку имате прашања во врска со начинот на поставување на делата, испраќајте ги на contact@cc.org.mk. Дополнително во врска со ова, можете да се информирате овде.

Авторот на најдобрата фотографија или кратко видео ќе биде награден со мобилен телефон Sony Ericsson K810i. Изборот на најдоброто дело ќе биде направен од страна на стручно жири.

Секој учесник на конкурсот може да испраќа повеќе дела, но добитник на наградата ќе биде само еден артист, без разлика дали тој ќе биде автор на фотографија или на кратко видео.

Испратените дела:

  • не смеат да содржат елементи на насилство, порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација, ниту пак да претставуваат плагирани дела
  • не смеат да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите фотографирани и снимени луѓе мора претходно да ја дале својата согласност за тоа
  • не смеат да бидат обработувани со програми за обработка на фотографии или видеа, соодветно
  • не мора да го претставуваат овогодишното лето, што значи дека ќе бидат земени во предвид и делата кои се направени порано, а за таа цел била користена камера од мобилен телефон и притоа одговараат на зададената тема
  • треба да се направени со камера од мобилен телефон со квалитет не помал од 1MP

Сподели: