Ќе бидат изложени дела од четворица фотографи и сликари од Струмица: Ване Косуранов, Мери Доневска-Костуранова, Милена Станишлевиќ и Столе Ангелов. Дел од оваа заедничка изложба ќе бидат и фотографиите и графичките решенија на Мето Ангелов, мултимедијален уметник од Неготино.
Вечерта, Алекса Букарски, најпознатиот млад македонски писател и блогер ќе чита делови од својата проза.
На настанот, со свои видео дела ќе се претстават младите македонски видео арт и филмски уметници. Борјан Зафировски ќе се претстави со делата “Портрет на младиот уметник во 21 век” и музичките спотови од серијалот “Змеј од хартија”, Саша Станишиќ со филмот “Златко легна и не сака да стане”, Дарјан Пејоски со “15 секунди”, Вардан Тозија со “Исклучок”, а Јане Алтипармаков со музички спотови за бендовите Мугер Фугер и Пиколомини. Филип Јовановски ќе го промовира најновиот музички спот направен за култниот битолски бенд Фолтин, “Хот деј ин Мехико”.
Секако, настанот ќе биде заокружен со промоција на лиценците Криејтив Комонс.
Сподели: