Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • ВСС и три години релевантно работно искуство
  • одлична вербална и пишана комуникација на македонски и англиски јазик
  • возачка дозвола
  • предност: способност за деловна комуникација и на други јазици

Посебни услови за работното место преведувач:

  • способност за висококвалитетен превод меѓу македонски и англиски јазик
  • познавање на работа со компјутери (канцелариски апликации и интернет)
  • предност: способност за превод од и на француски јазик
  • предност: искуство со работа на е-содржини

Посебни услови за работното место веб-администратор:

  • професионално искуство со LAMP (Linux, Apache, MySQL, PHP)
  • професионално искуство со системи за раководење со содржини (CMS-и)
  • искуство со организирање и држење обуки
  • предност: способност за администрација на локални мрежи
  • предност: аналитички способности

Потребна документација

  • писмо за мотивација
  • работна биографија (CV)
  • контакти од три претходни работодавци/професори за препораки

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 20 јули 2007 г. во 16:00 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата info@metamorphosis.org.mk.

Сподели: