Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС и две години релевантно работно искуство или
ССС и пет години релевантно работно искуство - познавање на административни процедури
- познавање на архивско работење
- познавање на финансиско работење
- возачка дозвола
Кандидатите/кандидатките мора да ги поседуваат следните способности, за кои ќе биде извршено тестирање
- познавање на работа со компјутери (канцелариски апликации и интернет)
- одлична вербална и пишана комуникација на македонски јазик
- одлична вербална и пишана комуникација на англиски јазик
Предност при изборот ќе имаат кандидатите/кандидатките со
- завршен економски факултет
- способност за одлична вербална и пишана комуникација и на други јазици
Потребна документација
- писмо за мотивација
- работна биографија (CV)
- контакти од три претходни работодавци/професори за препораки
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 22 јуни 2007 г. во 16:00 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата info@metamorphosis.org.mk.
Напомена: Ве молиме документите да ги испраќате во формат базиран на текст (ODT – OpenOffice.org Writer, DOC – MS Office Word или PDF), избегнувајќи испраќање скенирани слики или скенирани слики вметнати во документи.
Сподели: