1. Вовед
Фондацијата Метаморфозис бара правно лице или поединец за изработка на графички дизајн за потребите на новата верзија на интернет страната на Метаморфозис.
- Обем на работа
Три предлог дизајни на почетната страна со следната структура- Постојано видливо мени
- Најнови активности, со можност да се контролира бројката на прикажани содржини (3, 6, 9, во зависност од моменталните потреби). Во делот на најнови активности се прикажуваат последно објавените постови, подредени во опаѓачки редослед.
- Информации во фокус, со можност да се контролира бројката на прикажани содржини (3, 6, 9, во зависност од моменталните потреби). Во делот на информации во фокус се прикажуваат последно објавените постови, подредени во опаѓачки редослед, при што нема повторување во случај некоја од информациите во фокус да е прикажана во делот најнови активности.
- Дизајн елемент – со цел истакнување на Визијата и Мисијатана Метаморфозис – потребно е да се најдат главните пораки, јасно искомуницирани.
- Дизајн елемент со фокус на моменталните програми и проектите во истите(бројка, време на трање на програмата, достигнувања и слично) – на оваа тема е потребно да се извлечат информациите што сметаме дека би не прикажале во најдобро светло, транспарентно и јасно.
- Партнери и донатори
- Мрежи во кои членуваме
- Футер мени (Галерии, Политика за приватност, Услови за користење, Контактирајте нѐ)
- Предлог дизајни за следните страни:
- Мисија и Визија;
- Тим;
- Историјат;
- Успеси;
- Годишни извештаи (https://metamorphosis.org.mk/za-nas/godishni-izveshtai/)
- Активности (постови со слика, краток текст, датум на објава, тип на категорија, копче повеќе), од десно листа на достапни категории по кои може да се филтрираат активностите;
- Пост страна – Голема слика, автор, датум на објава, категорија/подкатегории, текст, слични најнови активности;
- Програми (дизајн на елементи за трите главни програми: Медиумски и информациски интегритет, Општествена отчетност, Одговорна дигитална трансформација, Архива на проекти). Секоја програма треба да има препознатлив дизајн, главна боја која би ја дефинирала палетата на бои што се користат за Проектите од Програмата, како и Проектните Активности;
- Е-Општество – слично на постоечкото решение https://metamorphosis.org.mk/e-society/
- Контакт страна
Важно: Страната е мултијазична на три јазици (мк, en, sq), односно избраниот дизајн ќе треба да се адаптира на дополнителни два јазици (en и sq)
Неопходно: Графичкиот дизајн треба да ги има предвид Визијата и Мисијата на Метаморфозис и да понуди ново современо, чисто и едноставно визуелно искуство.
- Vision (A society where empowered citizens hold governments accountable, technology and institutions serve the people, and truth triumphs over manipulation.)
- Mission to Achieve the Vision (To bridge the knowledge gap, promote responsible technology and empower citizens to be active participants in a thriving democracy.)
3.Испорака
Датум на доставување на понудата со првичните три предлог дизајни е 12 септември 2025 година по електронски пат.
- 4. Плаќање
Плаќањето ќе се изврши во рок од 14 дена по реализација на услугата односно по доставување на фактура и спецификација на извршени услуги.
- 5. Критериуми за евалуација
Предлозите ќе се оценуваат врз основа на следниве критериуми:
- Креативност и иновативност;
- Оригиналност и уникатност на предложениот идентитет на веб страната;
- Ниво на задоволување на условот за адаптибилност и универзалност;
- Цена;
- 6. Инструкции за поднесување
Ве молиме доставете ги вашите предлози според барањето по електронски пат на
- info@metamorphosis.org.mk и
- nino@metamorphosis.org.mk
до 12 септември 2025 година, така што покрај бараните дизајни, ќе ги пополните и двата пропратни документи, добиени заедно со ова барање – Прилог 1-Понуда и Прилог 2-Изјава.
Сподели: