Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ објавува:

Повик за поддршка на локални граѓански организации
Рок за поднесување: 6 јули 2018 г.

 

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Евротинк“со поддршка од Европската Унија го објавува ова барање за апликации за да обезбеди поддршка за иницијативи на локални граѓански организации во партнерство со медиуми и други чинители, кои ќе промовираат создавање култура на критичко мислење преку промоција на медиумска писменост.

Иницијативите треба да се насочени на исполнување на целите на проектот, преку активности прилагодени на потребите на локално ниво во секој од 8-те плански региони. Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности. Специфичните цели на проектот се:

  • Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.
  • Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации (ГО) и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.
  • Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување.

 

Во рамките на првиот циклус на програмата за мали грантови на КриТинк планирано е да бидат доделени осум (8) грантови, со кои ќе се поддржат проекти наменети за секој од 8-те плански региони.

Програмата за мали грантови ќе ги поддржи иницијативите за стимулирање на културата на критичко размислување преку промовирање на медиумската писменост со следниве активности од оваа индикативна листа (листата не е ограничувачка, постои можност за поддршка и на други активности, доколку се утврди дека тие се во согласност со целите на проектот):

  • Продукција на содржини за јавна едукација на интернет и/или за традиционалните медиуми (радио, ТВ, печат)
  • Промоција на едукативните содржини преку различните видови медиуми;
  • Поттикнување на јавна дебата за прашања кои влијаат врз медиумската писменост и критичкото мислење;
  • Ангажирање на граѓаните за зголемување на нивните барања за производство на високо квалитетни медиуми;
  • Градење на капацитетите на членовите на локалната заедница, вклучувајќи обуки, работилници и предавања;
  • Онлајн промоција преку кратки видеа, банери и други видови на мултимедијални содржини;
  • Овозможување на граѓаните да ги користат надлежните државни институции / регулаторни тела, како и саморегулаторните механизми на новинарската професија за решавање на медиумските манипулации;
  • Стратешка употреба на социјалните медиуми за да се допре до поширока и/или насочена публика, вклучувајќи онлајн реклами;
  • Воспоставување на соработка и вмрежување помеѓу различни засегнати страни за застапување на медиумската писменост на локално и национално ниво; образовен и бизнис сектор.

 

Грантовите примарно се наменети помали граѓански организации за да им се овозможи учење и помош при градењето на нивните капацитети за собирање средства и следователно да учествуваат на повици за грантови објавени од ЕУ и други донатори. Понатаму, потребно ќе биде да се склучи партнерство со најмалку еден медиум.

Целосниот повик како и формуларите за аплицирање се достапни на следниве линкови:

Граѓанските организации ќе треба да ги поднесат нивните апликации преку користење на стандардниот онлајн формулар за аплицирање на фондацијата „Метаморфозис“, кој ги вклучува следните составни делови:

 

Дополнителни прилози:

  • Работни биографии (CV) на проектниот тим;
  • Копија од документ за регистрација;
  • Копија од Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци;
  • Годишен извештај за работа и финансиски извештај, за претходната година. Доколку организацијата согласно член 18 од Закон за сметководството на непрофитните организации не е должна да изработи финансиски извештај, истата е потребно е да достави само известување. Во случај доколку не е помината една година од денот на регистрација, организацијата не е должна да достави годишен извештај за работа.
  • Ревизорски извештај за претходната година (опционо).
  • Информации за партнерите: писма за поддршка.

 

За целосно поднесена пријава ќе се смета онаа која ги вклучува сите целосно пополнет формулари и сите дополнителни прилози.

При пополнување на Образецот за буџет потребно е да се води сметка за правилата дадени во Упатството за буџетирање, како и за тоа дека во соработка со „Метаморфозис“ и „Евротинк“ сите избрани грантисти самостојно ќе спроведат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретеријатот за европски прашања (СЕП).

Краен рок за аплицирање 6 јули 2018 г. до 17 часот, исклучиво преку формуларот за аплицирање достапен на адресата http://crithink.mk/formular. Формуларите за аплицирање мора да се пополнат на македонски јазик, при што Формуларот за краток опис на проектот треба да биде пополнет на англиски јазик.

Апликантите на кои ќе им бидат потребни појаснувања или дополнителни информации за повикот треба да поднесат прашања по е-пошта до contact@crithink.mk до 22 јуни 2018 г. до 17 часот, за да може да добијат одговори на време, пред истекот на крајниот рок.

ПОЈАСНУВАЊАТА ВО ВРСКА СО БАРАЊЕТО ЗА АПЛИКАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ТУКА

Сподели: