Мени

„Сајбер-безбедност и заштита“ – повик за учество во образовна програма заснована на проект

Ве покануваме да бидете дел од образовната програма заснована на проект „Сајбер-безбедност и заштита“ што ќе се одржи во периодот од 11 до 18 јануари 2021 година.  Закажани се 4 онлајн сесии кои ќе траат приближно 90 минути, со почеток од 15: 00ч.

За време на програмата, учесниците ќе бидат запознаени со основните начела на сајбер-безбедноста и заштитата, заштитата на приватноста, надзорот и сајбер-безбедносни планови.

За време на програмата, под менторство на обучувачот, учесниците ќе можат да изготват сопствен, личен (или организациски) план за безбедност. Избраните планови ќе бидат финансирани за нивно реализирање.

Особено ги охрабруваме апликантите од граѓанските организации, медиумите, новинарите и наставниот кадар.

Програмата ќе ја води Гоце Арсовски, дел од тимот за програмска поддршка во Фондацијата Метаморфозис. Тој е психолог, истражувач и искусен обучувач, кој работи во невладиниот сектор во последните 7 години.

Заелешка: Работниот јазик на вебинарот е англиски и се поканети да учествуваат сите заинтересирани лица од Северна Македонија и Косово.

За детали и за тоа како да аплицирате за вебинарот кликнете на овој линк.