Фондацијата Метаморфозис смета дека борбата против корупцијата во Северна Македонија и во целиот регион на Западен Балкан е исклучително важна и неопходна за владеење на правото, за демократските процеси и за транспарентна и отчетна власт на сите нивоа. Визијата на Метаморфозис подразбира општество во кое граѓаните свесно и активно ги остваруваат своите права и бараат практикување на власта на демократски, одговорен и транспарентен начин. Фондацијата Метаморфозис го одбележува 9 Декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата, со повик сите општествени чинители заедно да работат на искоренување на корупцијата.

Мисијата на Метаморфозис подразбира преку зајакната свесност и капацитет на граѓаните и граѓанското општество, тие да ја преземат најдобрата можна улога како активисти за демократија, поддржувајќи ја власта да ја исполни нејзината демократска улога – да работи во служба на општеството.

 

Сподели: