viki_1На обуката присуствуваа 7 активисти, волонтери на Центарот од Дебар. Тие имаа можност да се запознаат со Вики технологијата, како и да научат да го  користат медија вики софтверот за уредување на локални содржини на вики сајтот Wiki.mk.

На почетокот на обуката, обучувачот, г. Кирил Симеоновски, ја претстави накратко Вики технологијата, нејзиното значење, предностите од нејзино користење, како и различните Вики проекти: Википедија, Вики патувања, Вики книги и сл. Во овој дел беше претставен и проектот Wiki.mk на кој беше фокусиран понатамошниот дел од обуката.

Работејќи на конкретна статија, учесниците, чекор по чекор, ги совладуваа правилата за уредување на различни содржини. Работеа по овој редослед:

  • Уредување на текст, создавање на врски и додавање на наводи
  • Уредување на слики и мултимедија
  • Уредување на табели и категории
  • Уредување на страница за разговор

viki_2Крајниот резултат беше уредената статија за Галичник која ги исполнува сите услови за да биде дел од вики сајтот Wiki.mk.

На крајот, обучувачот ги повика присутните да придонесуваат што е можно повеќе за збогатување на содржините на Wiki.mk, како и на останатите Вики проекти.

Во периодот на месец април, слични вакви обуки ќе бидат одржани во Велес и Скопје.

Сподели: