Мени

Дебата „Социјални медиуми за демократија“ на Европскиот Универзитет во Скопје

Дебатата претставува можност студентите да развијат критичко размислување и да слушнат различни идеи и мислења околу употребата на социјалните медиуми. Истата има и едукативен карактер, при што на студентите ќе им бидат дадени препораки и насоки за тоа како најефикасно да ги искористат социјалните медиуми.

Оваа дебата претставува продолжување на активностите на Метаморфозис од проектот Социјални медиуми за демократија, и е прва во низата од пет дебати кои наскоро ќе се одржат на универзитетите во Скопје, Тетово и Штип.