Продолжуваме да работиме на унапредување на отвореноста и транспарентноста на единиците на локалната самоуправа. Ги повикуваме општините да ја поддржат Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Северна Македонија со која ќе се обврзат да ги следат и почитуваат начелата и принципите на отвореност и да преземаат активности за континуирано подобрување на своите политики за транспарентност и вклученост на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис спроведува повеќе активности за подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Во оваа насока, правиме проценка на доброто владеење на локално ниво според Индексот на отвореност, даваме препораки за подобрување на состојбите и работиме директно со општините обезбедувајќи им поддршка унапредување на нивната отвореност.

Целиот текст на Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Северна Македонија може да го прочитате на следниот линк.

Општините кои се заинтересирани да ја потпишат Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Северна Македонија може да не контактираат на седниов е-меил: goce@metamorphosis.org.mk

 

Сподели: