На 27-ми јуни, во рамки на Самитот за слобода на интернет, Фондација Метаморфозис организираше панел-дискусија за дигитална еднаквост, поттикнувајќи дискусија за заштитата на човековите права онлајн во Северна Македонија и Западен Балкан низ призма на жените и ЛГБТИ+ заедницата.

Оваа сесија се осврна на критичниот пресек на човековите права и дигиталните средини во Северна Македонија и на Западен Балкан, со посебен фокус на тоа како овие прашања влијаат на маргинализираните групи, вклучувајќи ги жените и ЛГБТИ+ заедницата. Преку дискусија, присутните дискутираа за тоа кои се предизвиците со кои се соочуваат овие групи на интернет, од нееднаков третман до насочени напади во дигиталниот простор. Со разгледување на актуелните правни и општествени рамки, како и јазот во заштитните механизми и нивното спроведување, оваа дискусија поттикна подлабоко разбирање на неопходните чекори за да се осигураме дека дигиталните права универзално се поддржуваат.

Преку експертски согледувања и интерактивен дијалог, учесниците споделуваа стратегии за подобрување на политиките, напори за застапување и вклучување на заедницата за да создадат вистински инклузивен дигитален пејзаж кој ги почитува сите човекови правата на интернет. Говорнички на панелот беа Наташа Петковска од Хелсиншкиот комитет за човекови права (Северна Македонија), Маја Бјелош од Белградскиот центар за безбедносна политика (Србија), хвале вале од Здружение за прогресивна комуникација, и Мери Јордановска од Новинска агенција Мета.мк (Северна Македонија), заедно со модераторката Мила Јосифовска Даниловска од Фондацијата Метаморфозис.

“Ефектот од злоупотребата на новите технологии врз човековите права, особено врз маргинализираните заедници, не познава граници и тоа е универзален предизвик кој го засега целото општество. Годишниот извештај за дигиталните права на Западен Балкан за 2023 година на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) забележува удвојување на повредите на дигитални права од 782 во 2022 година на 1.427 во 2023 година, вклучувајќи ги говорот на омраза и дискриминацијата, дигиталната манипулација и компјутерската измама како најчести.„ – сподели Јосифовска Даниловска.

Таа додаде дека во денешниот контекст на злоупотреба на социјалните медиуми и технологијата за поткопување на човековите права, особено оние на маргинализираните заедници, но и актуелниот тренд на пораст на десницата во регионот и ЕУ како увертира за реакција против правата на жените и ЛГБТИ+ заедницата, навистина е важно е да се воспостават соодветни механизми за обезбедување безбедна дигитална средина за сите.

Сподели: