Претставници на граѓанскиот сектор од Западен Балкан заедно со своите колеги од Вишеградскиот регион на 13 октомври во Јавна соба во Скопје ќе ја анализираат состојбата со доброто владеење во Македонија во споредба со регионот и ќе извлечат заклучоци со препораки за подобрување на механизмите за добро владеење преку промоција на добрите практики.
Како панелисти на настанот ќе учествуваат Микал Шкоп од „Коховолит“ – Република Чешка, Борис Бркан од „Зашто не?“ – БиХ, Ивана Савиќ од ЦРТА – Србија, како и Филип Чапароски од Националниот демократски институт, Гордана Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација, Натали Петровска од Коалицијата сите за правично судење, Чендреса Сулејмани од Центарот за истражување и креирање политики, Висар Шеху од ИКТ за промени и Дамир Незири од Фондацијата Вестминстер.
По дискусијата ќе се одржи и работилница на која претставниците на земјите од Западен Балкан и од Вишеградскиот Регион заедно со учесниците на настанот поделени во групи ќе ги презентирааат своите добри практики и ќе се фокусираат на успешни ИКТ-алатки кои се покажале како најпрактични и најкорисни.
Овој настан е дел од проектот АКТИОН ВИШЕГРАД СЕЕ, чија цел е промоција на едно динамично граѓанско општество, кое ефикасно ги мобилизира граѓаните, а за нивно активно ангажирање за прашања поврзани со доброто владеење во контекст на пристап кон ЕУ, и кое влијае на политиките и на процесот на донесување одлуки, како на национално, така и на регионално ниво во Западниот Балкан.
На следниот линк можете да ги најдете агендата и официјалната покана за настанот.
Сподели: