Пет граѓански организации, меѓу кои и Фондација Метаморфозис, се добитници на грантови од проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан.

Проектот СМАРТ Балкан има за цел да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан преку јакнење и поттикнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна улога во процесот на создавање на мирни и инклузивни општества за одржлив развој на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари, денес го потпиша договорот за грант со кој и официјално започнува проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“.

Преку проектните активности се поттикнува свест и разбирање меѓу заедницата за важноста на сајбер безбедноста, осигурувајќи се дека прашањата за правилна и редовна сајбер хигиена и ефикасно справување со сајбер заканите (фишинг, социјално инжинерство, малициозни софтвери, онлајн дезинформации, кражба на лични податоци, итн.) го добиваат потребното внимание, ресурси и заеднички напори потребни за ефективни решенија.

Прочитајте повеќе за проектот тука.

Проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“ е поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ имплементиран од Centar za promociju civilnog company (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ, а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Сподели: