20-30_karti_za_zurka_finalБидете дел од деновите исполнети со едукација и добра забава. Преку работните денови низ дискусија и вечерно време низ забава да ја продолжиме приказната за помалку е-отпад.

Дојдете да се забавуваме заедно на „е-журка? ЖУРКА Е!“

Со звуците на Далибор Дадоф (DJ set) & Влатко (percussion) & Игор Стефановски (live saxophone) да ја продолжиме приказната за помалку електронски отпад и да покажеме дека се грижиме за средината во која сите живееме.

Преку едукативни видео инсерти на тема како практично да се искористи е-отпадот и изложба на уметнички парчиња-накит направени од е-отпад ќе ја пренесеме пораката за заштита на човековата околина.

Организатор и главен покровител е Фондацијата Метаморфозис преку „Балканската мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

Сподели: