Фондацијата Метаморфозис, во соработка со локалната канцеларија на Microsoft во Албанија, на 7 март ја организираа конференцијата Tech4Good во Тирана, со широко учество на претставници од граѓанскиот сектор.

Oficina D2-31

Конференцијата имаше посебен фокус да му помогне на цивилниот сектор во дигиталната трансформација, со цел преку донациите добиени преку платформата TechSoup Balkans од донаторот Microsoft, непрофитните организации да го постигнат нивниот максимален потенцијал со минимални трошоци.

„Ние како Microsoft веруваме дека со користењето на технологијата и непрофитните организации можат да постигнат повеќе во светот каде што инклузијата и пристапот до интернет се многу важни“ – рече генералниот директор на Microsoft во Албанија, Сокол Влади.

Oficina D2-3

„Оваa конференција има за цел на непрофитните организации во Албанија да им ги презентира можностите кои што им ги нуди Microsoft преку софтверските пакети за да ги исполнат успешно нивната мисија и цели“ – изјави извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

Овие донации се нудат преку програмата Techsoup Balkans која што ја имплементира Фондацијата Метаморфозис, каде што се нуди широк спектар на софтверски продукти за непрофитните организации, кои што можат да се добијат бесплатно или со плаќање на минимална административна такса.

Oficina D2-29

„Techsoup претставува мрежа на невладини организации каде што разни донатори, како што е Microsoft, им помагаат на овие субјекти со софтверски донации. Истовремено, тоа придонесува во борбата против пиратеријата, која што е доста распространета во земји како Албанија” – рече г. Јашари.

Овие донации се на располагање на непрофитните организации кои што имаат статус на здружение на граѓани. Претставниците на граѓанскиот сектор исто така можат да добијат донации на Microsoft Office 365 и Microsoft Azure, кои што на организациите им нудат безбројни можности со цел да ја исполнат нивната мисија што е можно побрзо со помош на овие технологии кои што можат да ги добијат бесплатно или добивајќи донациија од 5.000 долари за Microsoft Azure.

Oficina D2-155

Со ова платформа, организациите ќе ја зголемат продуктивноста, ќе ги намалат трошоците и ќе го олеснат управувањето со ИТ ресурсите.

„Познавањата што ги имаат органзациите околу овие продукти се многу мали, како што се и познавањата на технологиите кои што можат многу да им ги олеснат работните процеси” – рече менаџерката на Microsoft за образовните програми во Албанија, Косово и Македонија, Влора Адеми.

Oficina D2-105

За време на оваа конференција, присутните имаа можност да слушнат и за најдобрите практики на две организации од цивилниот сектор – „Офичина“ и „Фондацијата Абрахам Линколн“ – кои што ги искористиле софтверските донации и „cloud“ услугите преку програмата за донации „TechSoup Balkans“ и ја олесниле нивната работа со користење на овие донации. Исто така, беа споделени и предизвиците со кои што се соочуваат непрофитните организации во Албанија, и истите наведоа дека технологијата навистина им помогнала да ги надминат финансиските тешкотии и да ги намалат трошоците на организациите користејќи ги овие донации.

Посетете ја галеријата со сите слики од настанот тука.

Истотака, можете да ги следите најновите случувања на социјалните медиуми преку хаштагот #Tech4Good.

Сподели: