Фондацијата Метаморфозис и веб-порталот Вистиномер соработуваат во проект со Европската мрежа за стандарди при проверката на факти (EFCSN) и коалиција од над 40 организации за проверка на факти низ Европа за да создадат сеопфатна база на проверки на факти фокусирана на Европските парламентарни избори во 2024 година, поддржанa од Google.
Оваа, прва од ваков вид, отворена база на податоци собира и категоризира политички проверки на факти, раскринкувања на дезинформации, превенирање на дезинформациите (prebunking) и наративни извештаи за трансконтинентални трендови пријавени од коалиција од над 40 организации за проверка на факти низ Европа во проект познат како Elections24Check.
Тој ги вклучува проверките на факти врз тврдењата поднесени во врска со европските избори во 2024 година. Корисниците можат да пребаруваат и филтрираат написи на различни јазици, кои се однесуваат на одредени земји и политички партии и се однесуваат на одредени теми, како што се климатските промени, безбедноста и одбраната. Целта е да се зголеми меѓудржавната соработката и да делува како ресурс за европските граѓани пред гласањето во јуни.
Како дел од проектот, статистичките информации за трендовите на дезинформации за време на изборите ќе станат достапни додека организациите ги внесуваат своите податоци, а истражувачите ќе имаат можност да побараат пристап до целосната база на податоци.
Организациите што ќе учествуваат во проверката на факти, исто така, ќе објавуваат извештаи во кои се анализираат податоците.
Претседателот на EFCSN, Карлос Хернандез-Ечеварија рече: „Elections24Check“ ќе понуди систем за рано откривање на онлајн дезинформации за целиот континент. Организациите за проверка на факти кои учествуваат, не само што ја покриваат ЕУ, туку и пошироката заедница на соседните европски земји. Ова е важно затоа што дезинформациите патуваат нашироко преку границите“.
Заменик-претседателката за владини прашања и јавни политики за Европа во Google, Анет Кробер-Рил, додаде: „Горди сме што ја поддржуваме работата на организациите за проверка на факти низ Европа во клучно време, бидејќи дезинформациите за изборите може да патуваат преку границите и да ризикуваат да ги поткопаат демократските процеси. Оваа иницијатива предводена од EFCSN и нејзините 40+ организации членки ќе поддржи квалитетни информации за гласачите и ќе го отвори патот за изборни коалиции во иднина“.
Организациите кои придонесуваат кон проверката на фактите се обврзаа на транспарентност, непартиска и новинарска извонредност, фокусирани на служење на јавниот интерес како што е утврдено во Европскиот кодекс на стандарди за независни организации за проверка на факти.
Пристапете до базата на податоци на https://elections24.efcsn.com/.
Сподели: