Како дел од Програмата за дигитален активизам, претставници на Фондација Метаморфозис беа дел од конференцијата Глобален факт 11 што се одржа во Сараево, Босна и Сараево, од 26-ти до 28-ми јуни 2024 година.

Проверката на факти обезбедува клучен контекст за јавните дебати и не треба да се смета за потиснување на говорот, прогласија проверувачите на факти од целиот свет на 11-от глобален самит за проверка на факти во Босна и Херцеговина.

Најмалку 130 организации за проверка на факти од 80 земји ширум светот ја потпишаа изјавата од Сараево, потврдувајќи ја проверката на фактите како составен дел на слободата на говорот бидејќи бара отвореност, транспарентност и зачувување на информациите. Изјавата беше свечено потпишана од присутните на годишниот состанок координиран од Мрежата за меѓународната проверка на факти (IFCN).

„Проверката на фактите има за цел да обезбеди дополнителни информации, поставувајќи докази за корекција и разјаснување на пораките кои се лажни, погрешни или немаат важен контекст“, се вели во дел од соопштението.

„Проверката на факти не сака да ги избрише овие пораки, туку да ги зачува како дел од јавната дебата, притоа нудејќи докази неопходни за точно информирање во дебатата“, се додава.

Светските проверувачи на факти ја објавија изјавата по долгогодишно справување со постојаните напади против нив, во услови на тврдења за цензура на интернет, што доведе до неколку случаи на злоупотреба и вознемирување ширум светот. Наведените тврдења се неосновани бидејќи „цензурата ги отстранува информациите [а] проверката на фактите ги додава“.

Прочитајте ја изјавата на IFCN од Сараево за слободата на изразување и проверката на фактите овде.

Сподели: