Помеѓу 27 и 29 октомври, главната предавална на eGA – ЕВРОПА, беше преполна со претставници од граѓанските организации од земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија. Курсот за обука беше дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA, кофинансиран од Европската унија, и имаше за цел да го пренесе естонското искуство на земјите од Западен Балкан за тоа како граѓанските организации (ГО) можат да ја подигнат свесноста за дигиталната трансформација и е-услугите на своите граѓани, новинари и носителите на одлуки.

Обуката беше наменета за градење на капацитетите на партнерите во проектот, имено Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Левизја Мјафт! (Албанија), ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ОДК – Отворени податоци Косово (Косово), за поефикасно спроведување на активности поврзани со дигиталната агенда, меѓу кои и активности за градење на капацитети за ГО, медиумите и јавните институции.

Обуката започна со вебинар на тема застапување на 21-ви октомври, по што следеше главната обука, а по неа е предвиден пост-вебинар за компјутерска безбедност. Патувањето на учесниците кон развојот на дигиталната агенда беше предводено од експертите на еGA, Линар Виик, Кристина Мaнд и Кристина Реинсалу, како и од истакнатите експерти за медиуми, комуникација, граѓански организации и е-владеење во Естонија, Раул Ребане (експерт за медиуми), Хендрик Рунема (новинар чија специјалност е технологијата), Јанек Розов (Центар за информатичка технологија и развој при Министерството за внатрешни работи), Мартен Каеватс (Државна канцеларија на Естонија), Антс Силд (Baltic Computer Systems), Дорис Полд (член на Управниот одбор на ITL Digital Lab) и Марго Лур (Citizen OS).

 

———————————————————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: