На 18 февруари 2021 година, тимот на Академијата за е-владеење заедно со партнерите на ICEDA, го организираше вториот дел од ICEDA обуката за суб-грантисти и членови на ICEDA мрежата во врска со дигиталната агенда со искуство, знаење и вештини од Естонија. Првиот дел од обуката беше одржан на 25 и 26 јануари 2021 година, за што може да прочитате повеќе тука. По обуката ќе следат 2 вебинари за теми кои самите учесници ги избираат како најпотребни.

Додека првиот дел од обуката се базираше на разбирање на Дигиталната агенда и нејзиното значење и спроведување во земјите од Западен Балкан, развивање и унапредување на дигиталната писменост, дигитална трансформација, и поврзаноста помеѓу јавниот сектор и Дигиталната агенда, вториот дел од обуката беше повеќе насочен кон разгледување на студии на случаеви (е-граѓанин во Естонија), и поврзаноста на Дигиталната агенда со локалната самоуправа и локалното население.

Обуката беше наменета за градење на капацитетите на суб-грантистите и членови на мрежата ICEDA од првиот циклус на шемата за мали грантови ЛОТ 1: Доделување суб-грантови за центри за поддршка на е-владеење, имено, од Албанија – Artivista Center, Epoka e Re (Нова Епоха) и Европска Младинска Асоцијација, од Косово – Демократија Плус, Форум за граѓански иницијативи и Младински Центар на Косово, од Црна Гора – Центар за образование на млади, Ромска младинска организација “Чекорете со нас- Phiren Amenca” и Супер Хаб Пљевља, од Северна Македонија – Здружение за толеранција и соработка на граѓаните (ACTAC), Рурална Коалиција и SmartUp – Лабораторија за социјални иновации и од Србија – Центар за социјална интеграција, Дели – Простор за креативна активност и SINHRO.

Патувањето на учесниците во вториот дел од обуката го водеа експертите на Академијата за е-владеење, Кристина Менд и Кристина Реинсалу, и Урмо Кубар, Државен советник за соработка со граѓанскиот сектор при Кабинетот на Претседателот на Република Естонија.

————————————————————————————————————————————————————————————————–——

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: