Во склоп на НВО Саемот 2005 на Скопски саем на 10 декември  200510 декември  2005г. се одржа едукативната сесија во организација на Фондацијата Метаморфозис: „ИКТ за поефикасни локални самоуправи“.

Филип Стојановски, програмски координатор во Фондацијата Метаморфозис, ги претстави предностите од е-владеењето на локално ниво.
Новица Наков од Слободен софтвер Македонија зборуваше за предностите од воведувањето на слободниот софтвер во единиците на локалната самоуправа. Неговиот говор можете да го преземете овде.
Зоран Глигоров, ИТ експерт од Проектот за успешна децентрализација на УСАИД го претстави Каталогот за електронски услуги на локалната власт.
Сашко Ристовски, раководител на секторот за економски развој и информатичка технологија, зборуваше за напредокот што општина Велес го забележа на полето на имплементација и примена на ИКТ за нејзино поефикасно функционирање.

Настанот го водеше Јован Петров, член на Управниот одбор на Фондацијата Метаморфозис.

Настанот го следеа претставници на невладини организации, претставници на повеќе општини, како и претставници на бизнис-секторот и медиумите.

ICT.jpg 

Сподели: