Мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот Using New Media to Promote Government Transparency, започна седмиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) преку Индексот на отвореност.

Индексот на отвореност претставува композитен показател којшто веќе 6 години по ред го определува степенот на отвореност на државните институции од Западен Балкан кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните од Западен Балкан добиваат погодни и разбирливи информации од институциите.

За да се измери степенот на институционалната отвореност, партнерите од ACTION SEE мрежата, следејќи ги меѓународните стандарди, препораки, како и примери на добри практики, ги мониторираат институциите според посебни квантитативни и квалитативни показатели, како на пример: пристап до информации на официјалните веб страници на институциите, квалитетот на правната рамка за одделни прашања, други извори на информирање на јавноста, објавени податоци за работењето на институцијата, јавните набавки, информации за трошењето на јавни пари, итн.

Врз основа на шестиот бран на мерења кој се спроведе во текот на 2021-2022 година, се изработи и публикацијата „Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт“, во која, покрај главните заклучоци за отвореноста на одделните институции, се содржани и конкретни препораки и чекори за подобрување на отвореноста на истите.

Проектот Using New Media to Promote Government Transparency го спроведува Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“, заедно со други партнери од регионот, Центар за демокраска транзиција (Црна Гора), Граѓанско здружение Зошто не? (Босна и Херцеговина) и Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА (Србија), со финансиска поддршка на Национален фонд за демократија.

Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели: