Развојот на вештачката интелигенција доведе до глобален трансформативен дигитален напредок кој сè повеќе влијае на нашиот секојдневен живот, работа, семејство, здравје, спорт, дружење, приватност што е видливо преку системите за мапирање, лоцирање и препознавање, гласовно управување, лични дигитални помошници, транспорт со автономни возила, финансиско тргување, автоматизирано договарање и превод, итн. Напредокот на вештачката интелигенција исто така обезбедува големи придобивки за нашата социјална благосостојба во области како што се прецизната хирургија и медицината воопшто, еколошка одржливост, образованието, администрацијата, производството, енергетиката, трговијата и друго. Иако има потенцијал да подобри многу аспекти на човечкото искуство, поради опасност од неетичко дизајнирање и употреба на вештачката интелигенција, исклучително важно е да се воспостават регулативи и правила за нејзината употреба, кои внимаваат на овие предизвици и гарантираат рамноправна заштита за сите.
Главната цел на ова истражувањето е да се процени влијанието на новите технологии, со особен фокус на развојот и користењето на вештачката интелигенција, врз човековите права на интернет. Во поширока смисла, наодите треба да придонесат кон заштитата на човековите права на интернет во политиките поврзани со вештачка интелигенција. Резултат на ова истражување е и развивањето на етички стандарди за заштита на човековите права на интернет при креирањето политики што го уредуваат автоматското донесување одлуки.
Целото истражување може да го преземете тука
Овој продукт е изготвен во рамки на проектот Заштита на човековите права во ера на вештачка интелигенција – Metamorphosis со поддршка од Американска адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото.
Изјавите и анализите пренесени во оваа анализа се исклучиво на авторите и не се одобрени од Домот на делегатите или од Одборот на гувернери на Американската адвокатска комора, ниту од Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска комора, ниту ја претставуваат позицијата или политиката на Американската адвокатска комора/Иницијатива за владеење на правото. Понатаму, ништо во оваа анализа не треба да се смета за давање правен совет за конкретни случаи. Содржината е одговорност на Фондација за интернет и општество Метаморфозис и не мора да ги одразува ставовите на донаторот или на АБА/АБА РОЛИ.
Сподели: