Организациите кои ќе ја сочинуваат националната мрежа за застапување при управување со електронски отпад се:
- 4х4х4 Балкански Мостови – Скопје
- Биди зелен – Скопје
- Движење за одржлив социоекономски развој „Глобал” – Битола
- Еколошко друштво „Вила Зора“ – Велес
- Еколошко друштво „Виножито“ – Штип
- Еколошко друштво „Планетум“ – Струмица
- Здружение за заштита на животна средина културно-историските знаменитости и човековото здравје „Извор“ – Кратово
- Здружение „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” – Скопје
- Центар за електронска комуникација ЕкоНет – Скопје
- Центар за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ – Скопје
- Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар
Секоја од организациите вклучени во оваа мрежа ќе помине обука за правилно управување со електронскиот отпад, со цел да се подигнат нивните капацитети, по што ќе започнат со имплементирање на предвидените активности од проектот.
Наредна активност од овој проект е организирање на средба на организациите од националната мрежа за застапување при управување со електронски отпад, со цел да се испланираат и договорат наредните чекори. Исто така, во наредниот период ќе се започне со истражување со цел да се анализира тековната ситуација со електронскиот отпад во земјата.
Целта на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со електронски отпад“ е да се подобри законската и институционална рамка, која ќе придонесе за правилно управување со е-отпадот во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Акцијата ќе трае 24 месеци.
Сподели: