На 17 октомври 2006 година излезе вториот број на е-билтенот на Фондацијата Метаморфозис. Во е-билтенот покрај стандардните вести за ИКТ од Македонија и од светот и за активностите на Метаморфозис, поместени се и два авторски текстови за работата на е-рајдерите и за конвертирање на текстови во кирилична поддршка. Е-билтенот можете да го прочитате на веб-сајтот на Метаморфозис, а можете и да се зачлените за да го добивате на вашата адреса за електронска пошта. Вториот број е дистрибуиран до 240 адреси за електронска пошта.

Првиот број на е-билтенот беше дистрибуиран до 238 адреси за електронска пошта и наиде на позитивен прием од страна на читателите. Еве некои од нивните коментари:

Честитки за првиот број на вашиот билтен, навистина изобилува со корисни информации!
Анита Илиевска
Центар за институционален развој ЦИРа

Ви благодарам од мое име и од име на ЈЕФ Охрид и ЈЕФ Македонија!
Александар Аврамоски
ЈЕФ Охрид

Ви посакувам успех, од кој ние реципиентите, ќе имаме не мала благодет.
Зоран Читкушев

Едно знам во животот. Никогаш не се откажувајте!
Обидете се повторно и повторно и сигурно ќе успеете во тоа што го посакувате и што сте го започнале. Успехот не е случајност тоа е комплекс од јасно поставена цел, одговорност, дисциплина, организираност, напорна работа, истрајност, трпеливост.
Ви честитам за Вашата упорност и истрајност!
Ви посакувам понатамошен успех!
Проф. Ликовен педагог Соња Шилкоски