Во рамките на проектот „СајберШтит: омоќени граѓани за сајбер отпорност“, Фондација Метаморфозис одржа три обуки за сајбер безбедност, за организации кои работат со маргинализирани групи на граѓани. Како продолжение на обуките, Фондација Метаморфозис подготви планови за дигитална безбедност за шест граѓански организации кои работат со маргинализирани групи.

Целта на персонализираните планови за дигитална безбедност е да се обезбеди системска имплементација на практики за сајбер безбедност. Ова не само што помага организациите да ја изградат својата сајбер еластичност, туку индиректно помага и подобро да ги опслужат своите крајни корисници.

Шесте организации за кои се подготви план за дигитална безбедност беа физички посетени од страна на експерт за сајбер безбедност. Покрај планот за дигитална безбедност, организациите добија и препораки за подобрување на дигиталната безбедност во нивното интерно и екстерно работење.

Планови за дигитална безбедност беа изработени за ЗГ Љубезност, Здружение Иницијатива за заштита на жените од Шуто Оризари, Здружение Мир, Прва детска амбасада Меѓаши, Организација на жени Битола и Центар за климатски промени.

Проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“ е поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ, а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Сподели: