Фондацијата „Метаморфозис“ објавува повик со барање за изразување интерес за маркетинг менаџер.
Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- ВСС во областа на маркетинг или слично, и три години релевантно работно искуство
- Одлична вербална и пишана комуникација на македонски и на англиски јазик
- Возачка дозвола
- Предност: способност за деловна комуникација и на албански јазик
Посебни услови за работното место маркетинг менаџер:
- Професионално искуство со брендирање компанија, организација или производи
- Професионално искуство со дизајнирање и имплементирање маркетинг програми за поддршка на продукти и услуги
- Искуство со организирање и држење обуки и менторирање, како и со работа со локалните заедници
- Добро познавање на алатките за користење на социјалните медиуми
- Професионално искуство со подготовка на активности за таргетирани медиуми
- Предност: аналитички способности
Потребна документација
- Писмо за мотивација
- Работна биографија (CV)
- Контакти од три претходни работодавци/професори за препораки
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 28 јануари 2019 г. во 16:00 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата info@metamorphosis.org.mk.
Сподели: