Целта на конференцијата беше да се пренесат искуствата на меѓународните експерти Маркус Икстад, комерцијален директор во Streamworks Interactive и Тони Габриќ, главен уредник на H-Alter.org и тие да се искористат во македонскиот контекст за чие претставување пак, придонесоа 10 излагачи од македонски медиумски здруженија, организации, портали и агенции.
Настанот го отворија Бардил Јашари од Метаморфозис и Леана Мар, директор на Канцеларијата за образование на УСАИД и Вршител на должност Директор на УСАИД, кои ги истакнаа потребите од поттикнување дискусија на оваа тема меѓу релевантните чинители, наведоа некои од проблемите во областа и ја нагласија потребата од зајакнување на медиумите во Македонија во секоја смисла, за што пак, во тек се други проектни иницијативи.
Маркус Икстад се обиде да ги претстави главните предизвици за медиумите во Македонија и согласно на согледувањата, презентираше неколку модели на одржливост. Го претстави моделот за наплата на содржини на NY Times кој им овозможува на читателите да пристапат само до 20 бесплатни содржини без да се претплататат на дигиталниот систем. Washington Post во лимитот од 20 стории пак, не ги вклучува оние содржини до кои се доаѓа преку социјалните мрежи и пребарувачите.
Постојат и рестриктивни системи за наплата кои не овозможуваат споделување преку социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер. Сепак, заклучокот е дека доколку системите за наплата на содржините станат стандард, читателите ќе мора да одлучат на кои издавачи ќе им ги даваат парите, но и својата лојалност.
Беше презентиран и модел на одржливост преку агрегирање, продуцирање и дистрибуција на видео содржини и модел на креирање уникатни содржини кои ќе ја привлечат и ангажираат публиката.
Некои од неговите главни препораки се:
- Креативност наспроти рестриктивност во системите за дигитална наплата
- Продукција на уникатни мултимедијални содржини кои ќе помогнат во градење јак бренд
- Соработка со стручњаци за стриминг кои можат да обезбедуваат видео материјал по погодни цени
- Испитување на можностите за спонзорство на содржини
- Помала зависност од СЕО-то на сајтот и од импресиите од поставените банери
Близок до македонскиот контекст е контекстот со медиумите во Хрватска за што искуствата ги пренесе главниот уредник на H-alter, Тони Габриќ. Тој ги презентираше формите на институционална поддршка на непрофитните медиуми во Хрватска, но и покрај оваа предност во однос на функционирањето на овој тип медиуми во нашата земја, тој ги истакна и проблемите и предизвиците со кои тие се соочуваат, пред сè во однос на финансиската одржливост на долг рок.
Генерално, во текот на целиот настан, проблемот со одржливоста беше анализиран од неколку аспекти: оригиналноста на самите содржини на медиумите, иновирањето во презентирањето на содржините, потребата од едукација, политичките притисоци, наметнувањето законски ограничувања, слабиот процент на огласување во новите медиуми наспроти во традиционалните итн.
Од една страна, порталите се борат со голема конкуренција: нови медиуми „никнуваат“ секој ден, има хиперпродукција на содржини, ограничени ресурси, од друга страна, агенциите не можат да добијат прецизни информации за ефектот од онлајн-кампањите како би можеле полесно да ги убедат огласувачите да се рекламираат на интернет.
Компаниите и понатаму повеќе сакаат да се огласуваат во традиционалните медиуми, но новите медиуми треба да иновираат и во однос на начините на заработување:
Александар Дамовски: Се прави copy-paste и на филозофијата на рекламирањето од печатените во онлајн медиумите #mediumi #медиуми
— Metamorphosis (@fmeta) May 11, 2013
Слобода на #медиуми, пари од реклами, контрола од власта… тоа се проблемите, но кај е иновацијата. Сите .мк #медиуми се исти. #myfivecents
— Viktor Dano (@ViktorDano) May 11, 2013
Содржините треба да бидат локални, оригинални и мултимедијални. Новинарите треба да се придржуваат до професионалните и етички стандарди на својата професија, додека медиумите треба да се стремат да ги прилагодуваат содржините на новите платформи и можностите кои тие ги нудат. Квалитетните содржини се главен предуслов за одржливост.
@ksavica Најпосетуваниот сајт не е и најдобриот сајт да стигнеме до таргетот #mediumi#медиуми
— Metamorphosis (@fmeta) May 11, 2013
#alexa not relevant for measuring the influence оf portals #mediumi #медиуми
— Elida (@Elida_Z) May 11, 2013
#alexa не е релавантна за мерење на влијанието на порталите
Дел од проблемите на онлајн #медиуми те во МК произлегуваат и од слаба инфраструктурна поддршка: ИТ платформи и рекламни платформи
— Vanco (@ordanoskiv) May 11, 2013
Медиумите треба да се фокусираат на неколку работи:
Education, integration, specialization – the needs of media in #Macedonia by @xorran at NMSC #mediumi twitter.com/fmeta/status/3…
— Metamorphosis (@fmeta) May 11, 2013
Едукација, интеграција, специјализација – потребите на медиумите во Македонија.
Специјализирање: ако не можеме да правиме се, треба да го правиме само она што знаеме да го правиме #медиуми #mediumi
— Metamorphosis (@fmeta) May 11, 2013
Сепак, соработката и комуникацијата помеѓу онлајн-медиумите и агенциите, како директни посредници помеѓу нив и огласувачите е клучна:
@dlazarevski Не чекавме од небо да паднат рекламите, почнавме со едукација на маркетинг агенциите и огласувачите #медиуми #mediumi
— Metamorphosis (@fmeta) May 11, 2013
Новинарите и агенциите мораат почесто да се среќаваат и да се едуцираат меѓусебно #mediumi
— Zoran Ricliev (@Xorran) May 11, 2013
Одржливоста на новите медиуми никако не смее да се гледа исклучиво од аспект на финансиското опстојување. Во оваа насока не смее да се запостави технолошкиот и содржинскиот развој на новите медиуми особено во македонскиот контекст, заклучува модераторот на оваа конференција – Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.
Фотографиите од конференцијата можете да ги погледнете на профилот на Метаморфозис на Фејсбук, додека видео снимката и аудио записот се дадени во продолжение.
Настанот беше поддржан и од голем број медиумски покровители: Радио МОФ, Порталб, Пинг, +Инфо, Канал 77, Црнобело, Кајгана, Нова ТВ, Блогираме, Клик Атак, Окно, МКД, ИАБ Македонија, Сакам инфо, Хајд парк, Мое бебе, Мојот град, Таратур, Комуникација, Албтајм и Емитер.
Сподели: