Фондацијата Метаморфозис објавува јавен повик за набавка на услуга Веб апликација за архивирање на медиумски содржини. Повикот е во рамките на проектот на Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Проектот има за цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални стандарди, преку обезбедување онлајн-алатки и ресурси за јавна едукација и подигнување на јавната свест.

Целта на набавката е изработка на Веб апликацијата за архивирање на содржини од медиумите која ќе овозможи зачувување на содржините од веб страниците кои се селектирани од корисници и автоматски од избрани веб сајтови, како и нивна автоматска обработка.

Официјалната комуникација во врска со Повикот може да биде на македонски или англиски јазик.

 

Документи за преземање Тип на документ
Целосниот повик за набавка MK:.docx
ENG:.docx

MK:.odt
ENG:.odt

Упатство за понудувачите MK:.docx
ENG:.docx
MK:.odt
ENG:.odt
Договор за набавка на услуги MK:.docx
ENG:.docx
MK:.odt
ENG:.odt
Опис на услугата MK:.docx
ENG:.docx
MK:.odt
ENG:.odt
Образец за техничка понуда MK:.docx
ENG:.docx
MK:.odt
ENG:.odt
Образец за финансиска понуда MK:.docx
ENG:.docx
MK:.odt
ENG:.odt
Евалуациона табела MK:.docx
ENG:.docx
MK:.odt
ENG:.odt

 

Сподели: