Проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD), во соработка со партнери од Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Германија објавува Јавен повик за надворешни оценувачи за оценување на апликациите поднесени во рамки на Повикот за Мали грантови за продукција на медиумска содржина.

Повикот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат следните критериуми:

– Соодветна универзитетска диплома (од областа на општествените науки, медиуми, право, комуникации и сл.),

– Најмалку 5 години искуство во граѓанскиот сектор, по можност со фокус на медиумите,

– Докажано искуство во евалуација на проекти,

– Одлично познавање на англиски јазик, и локалните јазици (за Северна Македонија и познавање на македонски и/или албански јазик).

– Разбирање на локалниот медиумски пејзаж и предизвиците со кои се соочуваат малите локални медиуми,

– Силни аналитички вештини и вештини за известување,

– Искуство во меѓународни проекти или проекти со под-грантови финансирани од донатори,

– Државјанство на една од земјите од Западен Балкан 6 (WB6)

Период на ангажман:

– Септември 2025 година

– Јуни 2026 година

Краен рок за аплицирање: 18 август 2025 година, до 17:00 часот.

Апликациите мора да се поднесат исклучиво по електронски пат на е-пошта: konkurs@metamorphosis.org.mk.

Детали за процесот на аплицирање и потребната документација се достапни тука: https://journalift.org/apply-now-open-call-for-external-assessors-for-small-media-support-grants/

Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија.

Сподели: