Мрежата која ќе се креира ќе биде дел од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со електронски отпад“ и ќе вклучува 10 организации кои се занимаваат со животна средина или друга област која е блиска до целта и активностите на проектот. Општата цел на овој проект е да се подобри законската и институционална рамка, која ќе придонесе за правилно управување со е-отпадот во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Акцијата ќе трае 24 месеци.

На избраните членови на мрежата за застапување при управување со електронски отпад, ќе им бидат обезбедени финансиски средства и логистичка подршка за реализација на следниве активности :

  • Секоја од организациите ќе чествува на обука која ќе има за цел да ги подигне нивните капацитети за правилно управување со електронски отпад.
  • Вклучување во истражување со цел анализирање на тековната ситуација со електронскиот отпад во земјата.
  • Организирање на јавни настани за подигнување на свеста за е-отпадот.
  • Учество на работилници за размена на знаења.
  • Учество во подготовка на водич за управување со е-отпад

Организациите кои се заинтересирани за вклучување во проектот и би сакале да аплицираат на повикот потребно е да испратат:

  • Листа со релевантни проекти кои досега ги имаат изработено (портфолио на организацијата)
  • Листа на човечки ресурси со кои располага организацијата.
  • Накратко зошто би сакале да се вклучат и како би придонеле за поуспешно имплементирање на активностите од проектот.

Изборот на организации ќе се одвива според неколку критериуми:

  • Досегашни проекти и искуство.
  • Географски диспаритет, со цел да се опфати што е можно поголема територија од земјата.
  • Мотивираност за вклучување во проектот.

Пораките за аплицирање и прашањата за дополнителни информации испратите ги на:

Елена Игнатова
Проектен координатор
е-пошта: elena@metamorphosis.org.mk
мобилен: 075 495 307
фиксен: 02/3225 206

Крајниот рок за пријавување е 12 мај 2010 година.

Сподели: