Фондацијата Метаморфозис заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, ја организираа оваа дебата со цел да ги запознаат граѓаните на Охрид  со начелата и обврските кои произлегуваат од овој закон, како и да ги слушнат нивните забелешки и првични реакции.

P1110685

Г-а Елена Игнатова, координатор на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“, на почетокот на дебата даде краток вовед во темата, додека г-а Јадранка Иванова од секторот за Европска Унија при Министерството за животна средина и просторно планирање детално го претстави законот за е-отпад.

P1110687

На дебата учество зедоа претставници од комуналното претпријатие од Охрид, претставници од општината, невладиниот сектор, како и неколку граѓани заинтересирани за оваа тематика, кои на крајот имаа можност да се вклучат во дискусијата и да ги искажат своите забелешки во поглед на законот.

Слични вакви дебати се одржаа и во Штип и Скопје.

. Доколку имате  коментари и забелешки истите може да ги испратите на следната имејл адреса: M.Esati@moepp.gov.mk

Настаните се организираат како дел од проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“, на Националниот демократски институт (НДИ), со цел да застапува за донесување на закон за справување со електронски и електричен отпад. Овие активности се во согласност и со тековниот проект на Метаморфозис на оваа тема: „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

Сподели: