Нацрт верзијата од законот може да ја преземете на следниов линк: Нацрт закон.

Со цел да овозможиме сите инволвирани страни да се вклучат во дебатата за нацрт законот имаме предвидено три јавни дебати низ Македонија:

  • Прва јавна дебата: 25 мај 2011 година во Штип. Дебатата ќе се одржи во
    просториите на општината, со почеток од 12 часот и ќе трае до 14 часот.
  • Втора јавна дебата: 30 мај 2011 година во Скопје. Дебатата ќе се одржи во
    просториите на Стопанската комора, со почеток од 12 часот и ќе трае до 14
    часот.
  • Трета јавна дебата: 9 јуни 2011 година во Охрид. Дебатата ќе се одржи во
    просториите на општината, со почеток од 13 часот и ќе трае до 15 часот.
    (треба да се потврди).

На јавните дебата свои презентации ќе имаат Елена Игнатова (Фондација Метаморфозис) и Ленче Ќурчиева (Министерство за животна средина и просторно планирање), по што ќе биде отворена дискусија за нацрт Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Настаните се организираат како дел од проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“, на Националниот демократски институт (НДИ), со цел да застапува за донесување на закон за справување со електронски и електричен отпад. Овие активности се во согласност и со тековниот проект на Метаморфозис на оваа тема: „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

Учеството на јавните дебати може да го потврдите преку директен контакт со Фросина Тасевска, програмски асистент, преку е-пошта на frosina@metamorphosis.org.mk или на телефон/факс: 02/3109-325      .

Сподели: