Денес комуникацијата се одвива дигитално, а нашите чувствителни податоци се складирани во дигитална форма.

Метаморфозис, во соработка со активисти кои работат во полето на онлајн приватноста и сигурноста, организира обука за запознавање со алатки кои нудат подобра заштита на вашата приватна комуникација и чувствителни податоци. Поточно, одговараат на потребата за намалување на ризиците од следењето на комуникацијата и компромитирањето на вашите податоци, а овие денови се покажа дека мета неретко се и граѓанските организации.

Ги покануваме граѓанските организации, новинарите и активистите да се пријават на обуката што ќе се одржи во ГЕМ клубот во Скопје, на 24.06.2015 со почеток во 10.00 часот.

За време на обуката ќе биде промовиранa и македонската верзија на Security in a box, водич за дигитална безбедност за активисти и бранители на човековите права низ светот.

bezbednostnainternet

Иако апсолутна сигурност не постои, a навидум изгледа дека не можеме ништо да преземеме, сепак постојат алатки кои ги намалуваат ризиците.

Кои се ризиците за нашата активност на интернет? Како да спречиме хакирање на профилот или е-поштата? Како да се заштитиме од следење на комуникацијата преку е-пошта и чет? Како да ја скриеме нашата локација? – Доколку ве интересираат одговорите на овие прашања, пријавете се за обуката.

Поради ограничените ресурси на време и простор, првите 20 пријавени ќе имаат можност да присуствуваат на првата обука од овој тип, а во иднина планираме да одржиме повеќе обуки во полето на приватноста и дигиталната безбедност.

За да се пријавите за обуката, пополнете го формуларот достапен овде.

Лице за контакт:

Дона Џамбаска

dona@metamorphosis.org.mk

070/ 956 534