Конференцијата POINT (Политичка одговорност и нови технологии) е регионална конференција на граѓански организации од 7 земји од Југоисточна Европа коишто интензивно ги користат новите технологии во својата работа, но овозможува и учество на организации, поединци, групи и институции кои се занимаваат со конкретните теми на коишто се фокусира конференцијата.
Ако сте вклучени во проекти за политичка одговорност и сакате да дознаете повеќе за употребата на нови технологии во оваа област или можеби сте програмер кој сака да се вклучи во проекти на граѓански организации за отворена влада, или сте некој кој ги поврзува овие два света и сака да запознае слични луѓе и да дознае повеќе за она што се случува во светот, а особено во Југоисточна Европа, нудиме можност за покривање на трошоците за патување и сместување за учесниците од следниве земји:
- Албанија
- Босна и Херцеговина
- Косово
- Македонија
- Црна Гора
- Србија
овеќе информации за аплицирањето за покриени трошоци за сместување и патување се достапни во поканата за учесници на конференцијата POINT 4.0. Регионалната мрежа ActionSEE нема да биде во можност да покрива трошоци на учесници надвор од споменатите земји, но секој е добредојден. Во тој случај, може да контактирате со нив на info@zastone.ba.
Бидете говорник на конференцијата: Секој што работи во областа на активизмот, политичката одговорност и новите технологии во Југоисточна Европа се поканува да поднесе предлог за кратка презентација (до 15 минути) за работата во своето поле. Ако сте активист што развива проект поврзан со употребата на нови технологии во областа на следењето на одговорноста на владата и/или отворените податоци, или ако сакате да споделите приказна за успехот на проекти на граѓански организации поврзани со технологија или за користењето на новите технологии за застапување или за следење на разни сегменти на власта – организаторите би сакале да бидете говорници и да ги споделите вашите искуства.
Повеќе информации за поднесувањето на презентациите се достапни овде. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31-ви март, 2015 г. По тој датум ќе се објави списокот со прифатените предлози и барања за покривање трошоци и ќе контактираме со сите подносители.
Повеќе информации за конференцијата се достапни на веб-локацијата point.zastone.ba/en или на страницата на Фејсбук.
Конференцијата POINT ја организира Регионалната мрежа ActionSEE создадена од CA Why not (Zašto ne) од БиХ, Центарот за истражување за транспарентност и отчетност (CRTA) од Србија, фондацијата Метаморфозис од Македонија и Центарот за демократска транзиција (CDT) од Црна Гора. Партнери на POINT 4.0 ќе бидат Националниот фонд за демократија, Fundacja Techsoup, Амбасадата на САД во БиХ, Балканскиот труст за демократија, фондацијата Хајнрих Боел во БиХ и фондацијата Фридрих Еберт во БиХ.
Ако имате прашања во врска со конференцијата, испратете е-порака на info@zastone.ba
Сподели: