Од 12 до 15 април, 2005 година во Сиетл, САД, ќе се одржи петнаесеттата годишна Конференција за компјутери, слобода и приватност (КСП) на АЦМ (Association for Computing Machinery). Темата на годинашната конференција е Паноптикон (Panopticon) и е поврзана со надгледувањето на граѓаните.

        КСП 2005 ќе се осврне на најзначајните прашања поврзани со интернетот и слободата денес, со акцент на влијанието што го имаат новите заедници за надгледување на интернетот и индивидуите, особено во пронаоѓањето и делењето на личните информации, во комбинација со тесната соработката помеѓу корпорациите и владата. Другите важни теми ќе ја опфатат улогата на растечката комуникациска технологија во промовирањето на слобода на говорот, широка законска рамка за интелектуалната сопственост и нејзината улога во тоа како индивидуите можат да го користат интернетот.

        Претставници на Фондацијата Метаморфозис ќе учествуваат на конференцијата.

Сподели: