Од 1 до 3 јули 2005 година Линукс Центарот од Белград, Србија и Црна Гора, организира конференција на тема локализација на слободен софтвер. Конференцијата ќе ги собере на едно место балканските активисти за слободен софтвер кои ќе разговараат околу прашањата за локализација/превод и ќе претставува обид да се обединат нивните активности во оваа област.

Целите на конференцијата се да обучат активистите вклучени во локализација/превод за користење на пакетите за верзии и локализација/превод, да ја организира и да ја координира размената на информации меѓу нив и да обезбеди пристап до архива на софтвер и документација кои се целосно или делумно локализирани. Исто така, активностите треба да воспостават средства за меѓусебна успешна комуникација и координација.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од сите балкански земји. Фондацијата Метаморфозис ќе учествува со двајца претставници.

Сподели: