На 19 јуни во хотел „Арка“, се одржа завршната конференција на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, со што се одбележа и крајот на проектот.

Проектот се спроведува од страна на Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а е финансиран со помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

На оваа конференција присуствуваа претставници на граѓански организации, институции и медиуми. На почетокот на конференцијата се обрати Бардил Јашари, Извршен директор во Фондацијата Метаморфозис кој истакна: „Проектот јасно укажа дека е важно да се создаваат алатки што ќе бидат лесно достапни, едноставни за користење и ќе им овозможуваат на ефикасен начин на НВО, но и на граѓаните воопшто, онлајн или офлајн да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Но, исто така, проектот покажа дека за ефикасно граѓанско учество најважно е да постои вистинска политичка волја и посветеност на претставниците на државните институции да ги вклучуваат граѓаните во тие процеси“.

DON_5810

„Главната улога на нашата организација, коапликант на оваа акција, се однесуваше на изработка на материјали за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и реализација на обуки. Од една страна, ги развивме модулите за спроведените обуки „Инструмент за претпристапна помош – ИПА II“ и „Заедничка методологија на партиципативна процена, соработка за застапување и за градење коалиции“, но произведовме и содржини за е-учење. Преку проектот НЕАП се разви платформа за е-учење која создава ресурси за помагање на граѓанското учество во однос на ИПА II. Содржините што ги произведе МЦЕО се однесуваат на основните поими околу ИПА II, нејзиниот начин на функционирање, страгегијата „Европа 2020“, програмите на унијата, но и на други интересни ресурси за евроинтеграциите од перспектива на граѓанското учество“ – изјави на воведното обраќање Александар Колекески, Постар истражувач/аналитичар во „Македонскиот центар за европско образование“.

VAF30898

Во текот на конференцијата присутните имаа можност на сесијата „Презентација на проектите спроведени во рамки на акцијата“ да слушнат многу повеќе за 6-те проекти добитници на мали грантови во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“:

Организација Име на проект Локација
Еколошко Друштво ’’ Вила Зора’’ Зелен сервис за граѓаните Велес
Фондација за развој на локалната заедница И паркингот е животен стандард Штип
ЗЗУЖС Еко Логик Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти Скопје
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Заедно за намалување на невработеноста на младите Дебар
Здружение Млади европски федералисти Советниците дискутираат, граѓаните читаат Куманово
„НОВУС“ Општина Струмица – Отчетна, партиципативна и транспаретна општина по мерка на граѓаните Струмица

На овој завршен настан се промовираше веб платформата www.akcija.mk, која е создадена и се користи за објавување на релевантни информации за проектот, оваа платформа исто така се користи за е-учење бидејќи на истата се поставени релевантни ресурси за учење, наставни програми и лекции, онлајн библиотеката на е-публикации кои се достапни во едноставна и лесна форма за користење.

Во вториот дел од настанот Филип Стојановски, програмски директор во Фондацијата „Метаморфозис“ ги презентираше резултатите од спроведеното истражување на тековното ниво на употреба на владините веб-локации на општинско и државно ниво (веб-локации .gov.mk) во областа на транспарентноста, отчетноста и е-учеството во донесувањето одлуки и обезбеди препораки за тоа како да се надминат пречките што спречуваат реализација на целосниот потенцијал на нови технологии во овие области. Додека за ИПА 2 Иницијативата за програмирање (ИПА Механизмот) говореше Александар Колекески од МЦЕО.

VAF30831

На последната сесија на овој настан се развија неколку дискусии меѓу претставниците од граѓанските организации на оваа тема како и беа донесени заклучоци со што и се пренесоа клучни пораки охрабрувајќи ги сите граѓански организации со активно учество да придонесат во доброто владеење.

Повеќе фотографии од настанот се достапни на следниот линк.

Сподели: