Мегафон е годишен меѓународен настан кој го организира TechSoup Global како простор за дискусии и учење со цел да се поттикнат нови идеи меѓу активисти, групи за акции и невладини организации од Централна и Источна Европа, Централна Азија и Кавказот, кои работат во полето на градење позитивни наративи и спречување на дезинформации.

Оваа година, настанот се одржа на 13 и 14 ноември во Братислава, Словачка, а како учесници од страна на Фондација Метаморфозис, беа присутни Гоше Николов, новинар во Мета.мк, Фисник Џелили, новинар во Порталб, и Маријана Јанческа, специјалист за поттикнување на отвореност. На настанот присуствуваа и грантисти од Северна Македонија, Косово и Србија, поддржани преку Програмата за дигитален активизам.

Сподели: