Со задоволство Ве известуваме дека Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) организира меѓународна конференција на тема „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“, која ќе се одржи на 28-29 октомври 2024 година во Хотел Holiday Inn, Скопје.
Овој дводневен настан ќе ги собере на едно место експертите и засегнатите страни за да се дискутираат клучни наоди од длабинската анализа и политичкото финансирање и онлајн медиумите во Северна Македонија како и Извештајот од мониторингот на интернет портали во избориниот период 2024. Сесиите ќе опфатат повеќе теми, вклучувајќи платени политички реклами, мониторинг на онлајн медиуми, финансирање на политичките партии, родова еднаквост и социјална инклузија во изборите.
Ве молиме да го резервирате овој датум за важниот настан, каде што ќе имате можност да се вклучите во дискусија со експерти во областа на медиумите, платените политички реклами, политичкото финансирање, како и претставници од релевантни институции, практичари и други засегнати страни.
Подетални информации и целосна агенда на https://www.facebook.com/events/1080562276643662
Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“, поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) на Владата на Обединетото Кралство.
Сподели: