Од 30-ти ноември до 3-ти декември, 2021 година ќе се одржи 17-то издание на годишната конференцијата на Фондација Метаморфозис „е-Општество.мк“ на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“.

На конференцијата „е-Општество.мк“ ќе се сретнат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите ставови и размислувања на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На конференцијата ќе се разговара каква е состојбата со демократијата денес, како и за тоа како технологијата ја обликува дефиницијата за добро владеење и граѓанскиот ангажман во современи услови. Тема на дискусија ќе бидат и предизвиците на дигиталната ера со посебен фокус на дезинформациите и безбедноста на интернет.

Со цел промовирање на вредноста на податоците во дигиталната ера, во рамки на конференцијата „е-Oпштество.мк“ ќе се одржи и Хакатон за отворени податоци. Основната цел на Хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

Ве покануваме и Вие да бидете дел од конференцијата „е-Општество.мк“. Конференцијата ќе биде во хибриден формат при што првиот и последниот ден од конференцијата (30-ти ноември и 3-ти декември) ќе се одржат во хотел – Панорамика, и дел од учесниците ќе имаат прилика да ги следат сесиите со физичко присуство а останатите учесници можат да ги следат online преку платформата ZOOM.

Агендата за настанот може да ја погледнете тука: Агенда-е-Општество.мк

ендаСите заинтересирани може да се регистрираат на следниов линк.

 

Напомена:

  • Првите 40 регистрирани ќе имаат можност физички да присуствуваат на првиот ден од конференцијата (30-ти ноември), ), и на последниот ден од конференцијата (3-ти декември).
  • Согласно протоколите за ковид 19, за сите учесници задолжително е поседување на еден од задолжителните КОВИД -19 документи:
  • сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози од вакцината против заразната болест КОВИД-19 или
  • сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Настанот е отворен за јавноста и Ве охрабруваме да ја споделите информацијата со Вашите партнери и соработници доколку сметате дека темата ќе предизвика интерес кај нив.

 

Сподели: