На 17 октомври 2006 година во просториите на Фондацијата „Метаморфозис“ беше потпишан Меморандум за разбирање за заедничка соработка околу лиценците за Креативни заеднички содржини. Меморандумот беше потпишан од претставници на Фондацијата „Метаморфозис“, издавачката куќа „Темплум“ и НВО „Контрапункт“.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање трите страни се согласија да работат на промоција на лиценците за Креативни заеднички содржини во Македонија и на објавување дела лиценцирани под истите лиценци.

Сподели: