Фондацијата „Метаморфозис“ има потреба од вработување за следните работни позиции:

Проектен координатор (project coordinator) – задолжен/а за спроведување комплексни проекти поврзани со добро владеење, градење капацитети на граѓански организации и институции и заштита на човекови права во дигиталната сфера.

Потребни услови:

  • Завршено високо образование
  • Најмалку 5 години работно искуство со проекти финансирани од ЕУ или други меѓународни донатори
  • Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и пишано)
  • Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и пишано)
  • Аналитички способности и подготвеност за учење
  • Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Спремност за службени патувања во земјата и странство

Администратор за грантови/финансии (Grants/Finance Administrator) – задолжен/а за административните и финансиски аспекти при спроведување грантови за граѓански организации, вклучително менторирање на грантистите и следење на постигнувањата.

Потребни услови:

  • Завршено високо образование
  • Најмалку 5 години работно искуство од областа на администрација/финансии на проекти финансирани од ЕУ или други меѓународни донатори
  • Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и пишано)
  • Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и пишано)
  • Аналитички способности и подготвеност за учење
  • Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Спремност за службени патувања во земјата и странство

За обете работни позиции, предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат:

  • Релевантно работно искуство од граѓански сектор
  • Искуство во организирање настани
  • Високо ниво на познавање и примена на албанскиот јазик (усно и пишано) и/или други јазици

Заинтересираните кандидати и кандидатки кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да достават писмо за интерес и работна биографија (ЕУ формат) по е-пошта на info@metamorphosis.org.mk до 15 часот на 25 октомври 2017 година.

Сподели: